Драмското студио Тетово во сабота на 20 септември, во Драмски театар Скопје ќе ја изведе комедијата „Вај-Фај“

0
453

Драмското студио Тетово, во рамките на „Деновите на независен театар“, во сабота на 20 септември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Драмски театар Скопје, ќе ја изведе комедијата „Вај-Фај“.

Комедијата „ВАЈ-ФАЈ“ низ дијалозите на актерите ја отсликува денешната состојба во општеството. Притиснати со својата борба за егзистенција, истовремено се грижиме за сопствените деца, кои својот дом го засноваат некаде далеку, во туѓиот свет во којшто заминуваат по некој подобар живот, а на постарите (родителите) им останува со нив да комуницираат преку интернет (Wi-Fi). Иако на прв поглед делува како урнебесна комедија, во текот на претставата провејуваат повеќе жанрови како драма и мелодрама со сатирични сегменти.

Претставата е комедија на ликови, карактери, ситуации и дијалози.

Играат:
Наташа Петровска
Лазар Саровски
Драгана Радованов
Глигорије Стојановски
Игор Бачоски
(Драмско студио Тетово)

Автор:
Мирољуб Недовиќ

Режија:
Мирко Видоески

Превод и адаптација:
Мирко Видоески