„КОД“: Објектот во Трубарево што се запали имал намена – фарма

0
376

Објектот во Трубарево кој се запали а каде се складирал електронски отпад, добил дозвола за управување со отпад и покрај тоа што не ги исполнувал условите во правилникот, објави „Код“ на телевизија Телма.

Според истражувањето, објектот во Трубарево во сопственост на Ф-Групација имал иста намена како кога таму имало млекара.

Отпадот се третирал во објект со намена – фарма, но тоа не било пречка да добијат дозвола на таа локација за управување со отпад. За да добие дозвола фирмата требала да има објект што ќе ги исполнува условите од правилникот за исполнување на барањата за добивање дозвола за управување со отпад. Во 2018 правилникот бил изменет и се барало – потврда дека локацијата се наоѓа надвор од населено место или дека е во зона во која намената на земјиштето е Г или Е, или потврда од единицата за локална самоуправа на таа локација да се врши времено складирање, третман или преработка на отпад. Локацијата е во населено место со зона Г2 за лесна индустрија. Но, имотниот лист од катастар покажува дека намената на објектите е Ф2 – помошни објекти во земјоделството односно фарми.