Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата на судиите и обвинителите за ставот дека нивните плати не се заслужени и обвинувањата од опозицијата за блокирање процесот на реформската агенда во правосудството, изјави:
„Благодарам на прашањето, суштинско. Важно прашање за иднината на државата и владеењето на право. Одговорот ќе го поделам во два дела. Првиот дел е следен. Сега веќе на цела македонска јавност и стана дека, не зборуваме за суштински реформи во Судството и Обвинителството, туку зборуваме за зголемување на буџетите, со цел зголемување на платите. Тоа е реформата, и добро е што сега македонската јавност може да суди. Дали овие коишто, не зборам за сите, ќе повторам, еве нека ми простат, има и такви коишто си ја вршат својата работа согласно со Закон и Устав, но има мал дел коишто го загрозуваат овој процес, и обвинители и судии, коишто не ја заслужуваат ниту оваа плата којашто ја земаат.









