(Видео) Голем пожар во центарот на Неготино – изгоре продавницата на пред официјално отворање

0
312

Ноќеска во центарот на Неготино избувна голем пожар во новата продавница на брендот „Синсеи“, која требаше официјално да биде отворена наскоро.

Според првичните информации, нема повредени лица, но станарите на зградата биле итно евакуирани поради опасноста од ширење на огнот.

Пожарникарите пристигнале за кратко време и успеале да го локализираат пожарот, со што спречиле поголема катастрофа во централното градско јадро.
ВИДЕО

Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати. Настанот предизвика вознемиреност кај жителите, бидејќи зградата се наоѓа на една од најфреквентните локации во градот.