Вредноста на американските златни резерви надмина еден билион долари

0
272

Вредноста на златните резерви на американското Министерство за финансии денеска надмина еден билион долари поради рекордниот раст на цената на овој благороден метал.

Цената на златото во текот на денот скокна на повеќе од 3.824 долари за унца, што претставува пораст од 45 проценти од почетокот на годината, пренесува „Блумберг“.

Растот на цената на златото е поттикнат од инвеститорите во потрага по сигурно засолниште поради трговските војни, геополитичките тензии и стравувањата од можен финансиски застој во Соединетите Американски Држави.