ОСТАВАЛЕ СВИНСКИ ГЛАВИ ПРЕД ЏАМИИ КАЈ ПАРИЗ, СРБИЈА ГИ УАПСИ Српски активисти боеле синагоги во зелено

0
363

Србија уапси 11 граѓани кои поставувале свински глави пред џамии и фрлале зелена боја фрлена врз синагоги и споменици во Париз и во Берлин, во екот на тензиите околу војната во Газа, пренесе „Гардијан“.

Главниот осомничен со иницијали М.Г. исчезнал, а српските власти тврдат дека дејствувал по „инструкции на странска разузнавачка служба“ и организирал шокантни симболички напади.

Српското Министерство за внатрешни работи информира дека 11-те приведени се дел од поширока група од 14 лица, кои биле активни меѓу април и септември 2025 година.

Освен во Париз и Берлин, нивните акции биле насочени кон објекти поврзани со еврејски и муслимански заедници.

„Фрлање зелена боја на споменици, синагоги и еврејски ресторани, како и оставање свински глави пред верски објекти – сето тоа било дел од обиди да се разгорат меѓурелигиски тензии“, се наведува во соопштението на министерството.

Нивните активности помеѓу април и септември 2025 година вклучувале „фрлање зелена боја на споменикот на Холокаустот [споменик во Париз], неколку синагоги и еврејски ресторан“.