Училиштата во Општина Карпош ќе произведуваат повеќе електрична енергија отколку што трошат, вели во објава на социјалните мрежи кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски.
Овие панели не се шминка – тоа е работа, визија и енергија.
Во сите десет училишта во Карпош веќе поставивме фотоволтаици.
Не зборуваме за „ќе поставиме“ – тоа одамна го направивме.
Сега преминуваме на следното ниво: училиштата ќе произведуваат повеќе струја отколку што трошат, ќе ја враќаат назад во системот и ќе станат мали енергетски центри.
Карпош не чека наредби – Карпош размислува, работи и произведува.
Со секој киловат сончева енергија штедиме пари, но и градиме свест.
Нашите деца ќе учат од жив пример дека иднината е зелена, а Карпош ќе биде првата општина во Македонија што е целосно енергетски ефикасна.
Зелена енергија. Чиста совест. Силен Карпош, вели Јакимовски.









