МАКЕДОНИЈА И БАЛКАНОТ ПОВТОРНО ВО СОЛЗИ 18 години без Тоше Проески, но неговата музика живее вечно

0
225

Денеска Македонија и целиот Балкан се потсетуваат на Тоше Проески, големата музичка ѕвезда која пред 18 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб.

Во негов спомен, традиционално се одржува маратон од Нова Градишка до Крушево, кој оваа година се трча по 18 пат. Маратонците го започнаа патувањето пред спомен-обележјето на Тоше во Нова Градишка, а денеска, на годишнината од неговото заминување – треба да пристигнат на неговото вечно почивалиште на Гумење во Крушево.