Кулинарска емисија наместо вести – MРTВ вчера не го емитуваше централниот дневник

0
307

Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера не го емитуваше централниот ТВ дневник, без објаснување од кои причини се случило тоа. Дел од медиумите велат дека можно е да станува збор за технички проблеми, но тие информации се непотврдени.

За што точно станува збор засега нема официјален одговор од јавниот сервис, односно од главниот и одговорен уредник, Драган Николовски, кого Мета.мк го исконтактира со порака и телефонски.

По вестите беше најавено во програмата дека ќе се емитува емисија, односно соочување на кандидатите за градоначалници на локалните избори 2025 со наслов „Локални избори 2025 – изборни соочувања“. Наместо тоа, беше емитуван филмот „Дами во боја на лаванда“ закажан за од 23 часот.

Денеска на МРТВ 1 се емитуваа утрински вести од 10 часот, со слика и тон, без технички проблеми. На нивната веб-страница, пак, се објавуваат содржини и вести и снимени емисии.

Вчера наместо централен ТВ дневник, била емитувана кулинарска емисија и филм.