Како што пренесува и Ројтерс, од експлозијата целосно се урнати два ката, а оштени се и други подолу, а исто така скшени и прозорците во блиското средно училиште
Во романскиот главен град, Букурешт, утрово се случи експлозија во станбена зграда, при што загинаа најмалку три лица, а 17 други се повредени. Меѓу загинатите, според романските медиуми, е и бремена жена.
Можна причина за експлозијата, според тамошните медиуми, е истекување на гас, кој наводно еден од соседите што живеат во зградата го вклучил, иако претходно бил исклучен. Сепак, таа информација сè уште не е официјално потврдена.
Како што пренесува и Ројтерс, од експлозијата целосно се урнати два ката, а оштени се и други подолу, а исто така скшени и прозорците во блиското средно училиште.
Детонацијата била толку силна што ги потресла и блиските згради.
Вработените во романската компанија за гас „Дистригаз“ се алармирани рано утрово дека во зградата се шири мирис на гас, а пристигнале на местото откако експлозијата веќе се случила.
Станарите од зградата се евакуирани и им е забрането да се вратат во зградата, поради опасноста таа да се сруши.
Евакуирани се и учениците и наставниците од блиската гимназија.









