ВЛЕН: Ахмети со својот речник стави катанец на Националната алијанса за интеграција

0
144

Зборовите како „загари“ и „Газиместан“, кои тој ги употреби во вчерашното обраќање се најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој дваесет години го третираше својот народ како приватна сопственост, се наведува во соопштението од ВЛЕН

Лидерот на ДУИ Али Ахмети стави катанец на Националната алијанса за интеграција со својот навредлив и недостоен говор, за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците, велат од коалицијата ВЛЕН. Зборовите како „загари“ и „газиместан“, кои тој ги употреби во вчерашното обраќање се најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој дваесет години го третираше својот народ како приватна сопственост, се наведува во соопштението од ВЛЕН.

„Ахмети денес повеќе не зборува како политички лидер, туку како некој што се дави во сопствениот јазик на омраза. Кога човек кој водеше две децении го нарекува својот народ ’Газиместан’ и го навредува со ’700 илјади мајки’, тогаш секој Албанец разбира дека овој човек повеќе не претставува никого, освен себеси и неговиот привилегиран круг. Албанците од Северна Македонија, и оние што гласаа за ВЛЕН и оние што гласаа за НАИ, не се ’Газиместан’, туку се горда нација, која минатата недела, на 19 октомври, демонстрираше висока демократска зрелост и зборуваше со решителност за промени“,

велат од ВЛЕН.
Според ВЛЕН, на 19 октомври албанскиот народ се ослободил од страв, притисок и политичка уцена.