Коски налик на човечки биле пронајдени во близина на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Гази Баба.
– На 24.10.2025 во 11:55 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“ на подрачјето на Гази Баба пронашол коски кои наликувале на човечки, информираа од полицијата.
По насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.









