ВНИМАТЕЛНО: ОДРОНИ НА ПАТОТ КОН ВЕЛЕС ПРЕДИЗВИКУВААТ СООБРАЌАЈКИ

0
182

На автопатот од Скопје кон Велес, кај патарината Сопот, пред тунелите на Башино село, поради свлечиште на левата сообраќајна лента, сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента.

Авто Мото Сојузот на Македонија известува дека во меѓувреме, на истата локација, се случиле две сообраќајни незгоди со материјална штета. „Повредени нема, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.“

На местото на настанот е упатена екипа од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно, по навлажнети коловози.

Густината на сообраќајот на патните правци надвор од урбаните средини е со среден интензитет. На граничните премини од нашата земја, нема подолго чекање за влез и излез од државата.

АМСМ советува прилагодена брзина на возење, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и тесните превои, каде постои ризик од појава на одрони.

Ова особено важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.