Мицкоски: Се сретнав со Касами, од тогаш испраќа „вистински“ изјав

0
162

Премиерот Христијан Мицкоски денеска пред медиумите откри дека имал средба со градоначалникот на Тетово и коалиционен партнер од Вреди, Билал Касами, заради разговор по неговите изјави за етничко гласање во вториот круг од локалните избори во Кичево.

– Да, јас се сретнав со Билал Касами,разговаравме, и мислам дека он веќе почна да ги испраќа оние вистински изјави кои треба да му прилегаат на еден градоначалник на мултиетничко Тетово, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во вториот круг во Кичево ќе се гласа за актуелниот градоначалник Фатмир Дехари од ДУИ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Јовановски. Касами претходно речедека таму Албанците треба да гласаат за Албанец.

Коалицијата Вреди потсети дека побарала кандидатот на ДУИ за Кичево Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка по објавените компромитирачки материјали и дека кичевци мора сами да ја донесат пресудата на гласањето на 2 ноември.