CRPC: Орце Ѓорѓиевски убедливо води во Град Скопје пред кандидатот на Левица, Амир Мечиновиќ

0
294

Скопје, 28 октомври – Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC) ги објави резултатите од најновата анкета спроведена во градот Скопје, според кои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, има убедлива предност пред противкандидатот на Левица, Амир Мечиновиќ.

Според анкетата, Ѓорѓиевски ужива поддршка од 59,7% од испитаниците, додека Мечиновиќ има поддршка од 18,6%.
Во меѓувреме, 21,7% од анкетираните изјавиле дека сè уште не одлучиле за кого ќе гласаат или одбиле да одговорат

Истражувањето е реализирано на терен во периодот од 24 до 27 октомври 2025 година, со вкупно 397 испитаници од различни општини на градот Скопје, урбани и периферни.
При изборот на примерокот се земени предвид етничката структура, полот, возраста и образовното ниво на анкетираните граѓани.

Маргината на грешка на анкетата изнесува ±4%, со ниво на статистичка доверливост од 95%.

Резултатите покажуваат дека Орце Ѓорѓиевски одржува стабилна и убедлива предност во повеќето скопски општини.
Според анализата, овие податоци ја одразуваат сè поголемата доверба на граѓаните во кандидатурата на Ѓорѓиевски, како и опаѓањето на поддршката за традиционалните партиски структури, особено по првиот круг од локалните избори.