Екоцид во Вардар – кој ќе одговара?

0
166

Илјадници тони пластичен и друг отпад – буквално го затрупаа дел од речното корито на Вардар во тетовско. Еколошката катастрофа евидентирана вчера во Општина Јегуновце долж течението на реката- пристигна во Скопје.

Жителите на Јегуновце, велат дека ваков екоцид на паметат. Отпадот е резултат на дивите депонии покрај Вардар кој завршил во реката со зголемувањето на водостојот. Но голем дел од сметот тврдат дека некој намерно го фрлил во коритото.

Вардар во нејзиниот горен тек во повеќе наврати сардисан. Во Гостивар минатиот месец реката пресуши. Се појави помор на риби. Минатата недела Вардар побеле. Мештаните прстот го вперија во сепарациите но и хидроцентралите кои не ги запазуваат стандардите за работа и биолошкиот минимум на вода во реката.

Еко активистите, велат дека затрупаната река со смет е класичен симптом на институционален неуспех. Хроничниот проблем со депонииите покрај реките мора итно да се реши.

Целиот текст тука Tv24.mk