Шеснаесетгодишниот Л.П. (16), загина во тешка сообраќајна несреќа во Нови Сад кога, од засега непознати причини, се преврте комбето со кое се враќало со своите врсници од натпревар во џудо. Неговиот брат близнак е повреден и е во болница во Нови Сад.
Синоќа во 3:32 часот, на автопатот Нови Сад – Белград, по наплатната рампа во правец на Белград, се случи тешка сообраќајна несреќа кога комбе излета од коловозот, ја проби заштитната ограда и падна во канал.
Таткото на настраданото момче за „Блиц“ ги раскажа деталите за шокантната трагедија.
– Не знам дали ја изгубиле контролата. Тие беа на натпревар во Азербејџан. Од Баку до Будимпешта одеа со авион, а од Будимпешта отишле со комбе до Србија, до Белград. И тогаш се случило ова. Еден млад живот е изгубен. Синот што е повреден е во болница, раскажа таткото на момчето низ солзи.









