Полицијата се уште трага по возачот кој прегази 11-годишно девојче во Скопје и побегна

0
353

Сè уште нема информации дали Министерството за внатрешни работи успеало да го идентификува и пронајде возачот кој пред два дена прегази 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ во Скопје, по што побегна од местото на несреќата без да му помогне на повреденото дете… Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 28 октомври околу 20:30 часот, кога патничко возило удрило во малолетничката од населбата Гази Баба. Девојчето со тешки телесни повреди било итно пренесено на скопските клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ е укажана лекарска помош. Од полицијата соопштија дека е извршен увид на местото на несреќата и дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.