Хаким Рамадани не е веќе на функција: „Од денес сум невработен, барам работа само во приватни компании!“

0
540

Хаким Рамадани потврди дека веќе не е на функцијата директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно рече дека тој ќе биде симнат од функција поради коалициска непослушност, откако со кандидатот на ДУИ заминаа заедно во странство да бараат гласачи-иселеници за локалните избори во Брвеница.

По поразот во трката за градоначалник на Брвеница и откако беше разрешен од функцијата директор, Рамадани од ВЛЕН вели дека останал невработен и дека бара работа во приватниот сектор.

„Од денес сум невработен. Јас сум дипломиран економист. Барам работа само во приватни компании!“, напиша Рамадани во кратката објава на Фејсбук.