Мемов од ЗНАМ удри по партнерите од „Вреди“: Ја изиграа ВМРО-ДПМНЕ – баравме само почит и не ја добивме

0
198

Потпаролот на партијата ЗНАМ и директор на Фондот за ПИОМ, Никола Мемов, синоќа упати жестока критика на „Фејсбук“ кон коалицијата „Вреди“, партнерот во власта, обвинувајќи дека партиите на Албанците од коалицијата „ја изиграле“ ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале нејзиниот кандидат Орце Ѓорѓиевски во вториот круг од локалните избори.

„Вреди го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка… ВМРО го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме!“, напиша Мемов во отсуство на директен став за ова од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавата на Мемов доаѓа по завршувањето на изборите, во време кога се анализираат односите меѓу коалициските партнери и договорената наспроти испорачаната поддршка во клучните градови, особено во Скопје.