ВЛАЖЕН БРАН Носи дожд, силен ветер и снег

0
194

Во следните часови од северозапад над Македонија ќе поминува влажна воздушна маса која ќе услови врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Локално ќе наврнат над 15 литри дожд на квадратен метар

Како што објави Метеоаларм И во Скопје  и околината исто така со овој влажен бран ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат со умерен интензитет.

Поради продор на поладен воздух од северозапад кој се спушта преку Алпскиот регион над нашиот дел од Европскиот Континент ќе започне да дува повремено засилен ветер од северен правец и особено во Повардарието повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. И во Скопје и околината ќе започне да дува повремено засилен ветер од северен правец кој во делови од котлината ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Поради падот на температурите на највисоките места од планините Кораб, Шар Планина, Пелистер  и Солунска Глава повремено ќе провејува  и снег.