Црна Гора „одлична“, Албанија со „шестка“, а Македонија со „тројка“ во новиот извештај на Европската комисија

0
199

Црна Гора повторно го задржа статусот на „најнапреден ученик“ во процесот на проширување на Европската унија, добивајќи „одлична оценка“ во најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати. Албанија е оценета со „шест минус“, Молдавија со „пет плус“, а Украина доби стабилна „петка“ за своите реформи и напредок во усогласувањето со европските стандарди.

Црна Гора дури се споменува како потенцијална нова членка на ЕУ уште во 2027 година.

Македонија, пак, е оценета со „тројка“ – резултат што покажува ограничен напредок и задржување на речиси исто ниво како минатата година. Во документот, според бриселскиот портал „Политико“, земјата е ставена во групата на држави кои се „задржани на час“, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, оценети со „двојка“.