Претставници на Saubermacher Aвстрија, Saubermacher Словенија, Saubermacher Северна Македонија и Man & Mountain Скопје учествуваа на работилницата „Создавање зелени работни места во Северна Македонија“, која се одржува на 12–13 ноември во Europe House Скопје.
Работилницата ја истакнува важноста на одржливото вработување и иновативното управување со отпад, поттикнувајќи размена на добри практики и искуства помеѓу Австрија и Северна Македонија.
Членот на Управниот одбор и извршен директор на Saubermacher,Г. Андреас Опелт, заедно со претставници од Man & Mountain, ќе учествуваат и на денешната панел-дискусија на тема „Искуства и идеи за управување со отпад.“
Настанот е организиран од Австриското Министерство за труд, социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, во соработка со Австриската амбасада во Скопје.
На работилницата се повикани и претставниците на националните институции, локалните самоуправи, телата на ЕУ и меѓународните организации за да дискутираат за можностите во одржливо вработување и управување со отпад.









