„Почеток на новата економска ера“ со минимална плата од 26.400 денари, најавија од ВРЕДИ

0
365

Од коалицијата ВРЕДИ денеска објавуваат соопштение дека минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето.

–  Ова зголемување е најсилниот доказ дека владата на ВРЕДИ не познава чекање, одложувања и изговори. Нашите ветувања се претвораат во одлуки, а одлуките се претвораат во опипливи придобивки за граѓаните, информираат од ВРЕДИ со што го истакнуваат залагањето на министерот за економија  Бесар Дурмиши.