Судиите му одговорија на Мицкоски: Со вашите коментари ги преминавте границите на доброто однесување

0
200

Својот одговор до премиерот, судиите го заокружуваат со забелешка дека со неговите коментари тој го нарушува демократскиот принцип на рамноправност на трите власти – судската, законодавната и извршната, потестувајќи дека судската власт е уставна категорија, а Уставот и независноста на судската власт треба да се почитуваат

Инаку, Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии и претходно реагираа на критиките на Мицкоски за нивната работа. Сепак, она што ја издвојува оваа реакција од претходните е што во неа е назначено на кого конкретно се однесува, односно соопштението е во форма на обраќање и почнува со фразата: „Господине премиер“

Двете највисоки тела на судската власт во државата и Здружението на судии денеска преку писмено соопштение реагираа на критиките што премиерот Христијан Мицкоски вчера повторно ги упати до судиите, велејќи дека нема да прави реформи во правосудниот систем што, според него, предвидуваат само зголемување на нивните плати.

Мицкоски ги доведе реформите во корелација со враќањето државни долгови од две милијарди евра, наведувајќи дека Владата не моѓже да одвои повеќе пари од буџетот за независно финансирање на обвинителство и судовите од, како шпто кажа, најразвиените земји во Европската Унија.

Говорејќи во таа насока, тој иронично рече дека ќе ја донира својата плата за судиите и јавните обвинителите, само да судат, како што рече согласно закон, а не како што прават досега.

Во заедничко соопштени, од Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии оценија дека премиерот со неговите коментари за судиите и судството ја преминал границата на добро однесување и преминал во неаргументирани и паушални напади.

„Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е добронамерна само кога се даваат конкретни забелешки и конкретни предлози за решавање на проблемите. Неаргументирана критика е покажување на намера ништо да не се преземе за подобрување на состојбите, туку севкупната општествена апатија да се префрли како вина на судиите“,

се вели во соопштението.
Судскиот систем, како што се посочува во него, никогаш не генерирал долгови, па оттаму, се додава, е нејасно каква е повразноста на судството со државниот долг од две милијарди евра, „кој недвосмислено е последица на постојаното задолжување на извршната властт, во минатото и сега.

Според трите судски тела, ситуацијата во однос на буџетот е сосема спротивна. Наведуваат дека токуму судовите преку наплата на паушали и парични казни, со години наназад ја полнат државната каса, а за возврат не добиваат никаков поврат од буџетот, во смисла на нови вработувања, дигитализација на услугиите, оперемување на судниците…

Во таа насока судиите посочуваат на последниот Извештај на Европската комисија (ЕК), во кој, како што велат, јасно е нагласено дека најголемиот проблем во судството е независноста на судиите, која е потпопана од постојано мешање на извршната и законодавната власт.