Судот одби одлагање на денешната главна расправа за ПУЛС

0
214

Бранителите на повеќе обвинети побараа одложување на денешната главна расправа за предметот за трагедијата во ПУЛС.

Дел од бранителите бараат одложување на денешната главна расправа поради неможност претходно да стапат во контакт со обвинетите, на кои им се бранители по службена должност, додека еден дел од бранителите реагираа на одлуката на Обвинителството двата одделни обвинителни акти да се спојат во едно интегрирано обвинение. Се работи за спојување на обвинението за Александар Нацев кое до овој момент беше одвоено.

Иако претходно судот донесе решение за спојување на постапката за двата предмети со бр. 1872/25 и бр. 1970/25 поради економичност на постапката, Обвинителството истакна дека двете засебни обвиненија ќе ги спои во едно заедничко обвинение, а пречистена ќе биде и листата на докази.

„Со оглед дека судечкиот совет донесе решение за спојување на постапките, согласно чл. 87 став 1 од ЗКП на записник и во електронска форма ви доставувам интегрелен текст на двете постапки, во понатамошниот тек на постапката ќе се води како обвиение кое сега сакаме да го доставиме, како и пречистена листа на докази. Напоменувам, дека интегралниот текст останува во целост ист во делот за правните квалификации, за сторените кривични дела од обвинетите и во двата кривични акти, за коишто доставувам заедничка листа на докази.“ – истакна ЈО Борче Јанев.
Оваа одлука на обвинителството наиде на негодување кај бранителите на обвинетите.

Бранителот на обвинетиот Нацев бара одложување на постапката поради спојувањето на обвинението за Нацев со обвинението за останатите лица, бидејќи смета дека одбраната треба да добие време да се запознае со новото интегрирано обвинение.

Бранителот на обвинетиот Крешник Бектеши, адвокатот Еленко Миланов истакна дека Обвинителството го доведува судот во незавидна положба поради спојувањето на обвинението откако Судот ги спои постапките за двете обвиненија.

Судот пред почетокот на оваа главна расправа донесе решение за спојување на постапка по две посебни и одобрени обвненија како обвинителни акти. Со доставувањето на овој единствен интегриран обвинителен акт во суштина престануваат да постојат поднесените обвинителни акти, со што е апсурдна постапката за спојување.