Ахмети во декември организира голем протест во Скопје за поддршка на лидерите на ОВК

0
283

Протестот треба да биде завршница на собирите што претходно се одржаа во Приштина, Тирана и во Стразбур, а на кои ветераните на ОВК и на УЧК, како и граѓани изразија масовна поддршка на поранешните водачи на ОВК, на кои Судот во Хаг им суди за воени злосторствата извршени на Косово

Голем протест во Скопје за поддршка на поранешните лидери на косовската ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими – ќе организира лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Протестот во Скопје треба да биде завршница на протестите што претходно се одржаа во Приштина, Тирана и во Стразбур, а на кои ветераните на ОВК и на УЧК, како и граѓани изразија масовна поддршка на поранешните водачи на ОВК, на кои Судот во Хаг им суди за воени злосторствата на ОВК извршени на Косово.

Протестот во Скопје Ахмети го договорил со организацијата на ветераните на ОВК од Косово.

– Претседателот Ахмети во својство на еден од основачите на ОВК во Косово и на ОНА во Македонија, со ветераните на ОВК ќе организираат голем протест во Скопје во првата половина на декември. Протестот ќе се одржи на плоштадот Скендербег. На протестот, насловен „правда за ослободителите“, се очекува да дојдат ветерани на ОВК и на ОНА, како и граѓани за поддршка на поранешните водачи на ОВК кои се невини, и очекувањата се дека за нив ќе има ослободителни пресуди. Впрочем, и поранешниот американски генерал Весли Кларксведочеше во одбрана на поранешните лидери на ОВК – велат од ДУИ за „Слободен печат“.

Протест за поддршка на лидерите на УЧК Тирана Фото: Фејсбук Ахмети

Повеќе тука слободен печат