Кос: Европа ве чека, вие сте дел од Европа

0
143

Би било добро сите земји од Западен балкан со кандидатски статус за членство во ЕУ да имаат синхронизиран напредок во евроинтеграциите порача комесарката за пропширување на ЕУ Марта Кос на денешниот Самит за план за раст на кој присуствуваа и лидерите на земјите кандидатки меѓу кои и премиерот Христијан Мицкоски .

Осврнувајќи се и поединечно на успесите на земјите во овој процес особено со акцент на Албанија и Црна Гора – Кос не пропушти прилика да потенцира дека како што рече Европа не може да биде безбедна без Западен Балкан, дека ова е грешка што е направена во минатото и мора да се исправи , изразувајќи задоволство од состаноци од ваков тип а во насока на планот за раст .

Марта Кос Комесар за проширување на ЕУ

– Вашиот дом – Европа ве чека, вие сте дел од Европа, ние едноставно мора да го направиме ова во институционална форма за да станете земји-членки на ЕУ. Вие сте дел од Европа. Денеска дојдовме тука за да го оцениме напредокот, да видиме што поминало добро со Планот за раст, изминаа две години од почетокот на спроведувањето на растот за Западен Балкан. Време е да разговараме, имаме многу за славење. Две од 6 земји во регионот сè уште не почнале да ги усвојуваат реформите, додека двете земји со најголем напредок постигнале повеќе од 50 проценти од реформите, рече на самитот каде што учествуваат лидерите на Западен Балкан.

Премиерот Христијан Мицкоски пак на состанокот потенцираше дека земјата останува решително ориентирана на патот кон ЕУ, но и се осврна на економските политики.

Дека регионот се наоѓа во најдлабоките европски реформи во моментот посочи и албанскиот премиер и домнаќин Еди Рама кој пак потенцираше дека не моли за влез во ЕУ туку докажува дека се подготвени за тоа .

Еди Рама Премиер на Албанија

– Регионот никогаш не доживеал реформи од ваков обем во рамките на планот за раст, се издвоени 490 милиони евра кои влијаат на јавните финансии, енергетиката и сите области, ги затвораме со реформи кои се трансформативни . Тоа е регион кој се стреми да расте со Европа, а не на сметка на Европа. Европа е нешто што го градиме, Западниот Балкан не бара чест, секој доаѓа со гордост да понуди вредност. Ние не молиме да влеземе во ЕУ, ние секој ден докажуваме дека сме подготвени .

На овој самите дел од лидерите побараа и олеснување при минувањето на граничните премини насекаде, кои од „пречки ќе преминат во мотори на развој“.