Мухамед Асани, гинекологот кој на Јалдз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој родилката остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора.
Другите двајца обвинети лекари, неговиот син Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, се ослободени од обвинението.
Веапоска за „Слободен печат“ вели дека ќе се жали на пресудата бидејќи не е целосно задоволна од неа. Изречена е три години ефективна казна затвор.
Извор: Слободен Печат









