Академик Стојков: Односите меѓу Македонија и Бугарија се во многу жална состојба

0
142

Академик Стојко Стојков смета дека односите меѓу Македонија и Бугарија се во жална состојба, и дека ќе има блокада од источниот сосед на нашите евроинтеграции можело да се претпостави претходно. Сега, вели, Македонија нема друг избор освен да се бори, затоа што, смета дека една отстапка би водела кон нови отстапки.

Односите меѓу Македонија и Бугарија се во многу жална состојба. Но, тоа е нешто што се очекуваше и коешто со децении се „билда“, истакна академик Стојков, кој денеска на Факултетот за образовни науки (ФОН) при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД) во Штип присуствуваше на свечениот Наставно-научен совет по повод неговиот избор за член на МАНУ надвор од работниот состав.

Стојков кој живее во Сандански, Република Бугарија, а е универзитетски професор по историја на ФОН при УГД-Штип, вели дека многу пати досега има предупредувано оти Бугарија ќе ја блокира Македонија на патот за ЕУ.