Сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Деве Баир е прекинат од 5 часот поради одрон, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
На автопатот Скопје – Велес на неколку места се забележани помали одрони на патот, меѓутоа автопатот е прооден и „Македонија пат“ работи на санирање на истите.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември 2025 година до 31 март 2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
На експресниот пат А2, Крива Паланка – Страцин на км 14+200 (блиску до с.Петралица) започната е регулација на времен режим на сообраќај поради градежни активности. На тој дел делницата во текот на денот, од 7 до 17 часот, сообраќајот ќе се одвива со рачна регулација со помош на знаменца, а во остатоткот од денот со семафори.









