ДЕЧИЊАТА ОД СКОПСКО ВЛАЕ СЕ ЗАТРУЛЕ ОД ФЕКАЛНИ БАКТЕРИИ КОИ ГИ ИМАЛО ВО МУСАКАТА

0
339

Во примерокот од мусаката која на децата им била послужена за ручек во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, се пронајдени грам-негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето, информираа денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пред неколку дена имаше масовно труење кај деца кои јаделе мусака и мусли со млеко по што добиле стомачни тегоби, а некои од нив побарале и лекарска помош.

„ИЈЗ денеска одржа прес-конференција и информираше за сите досега превземени активности од надлежните институции (АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска Клиника) кои се во постојана комуникација и координација како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа. Воедно ве информираме дека бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен и материјали за анализа сè уште пристигнуваат. После пресот добивме нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето. ИЈЗ и понатаму ќе биде во координација и комуникација со споменатите надлежни институции и јавноста ќе биде известена за понатамошниот тек на настаните“,