Пензионери денеска протестираа пред Уставниот Суд во Скопје, со цел да продолжи линеарното пресметување на пензиите.
Учениците им порачаа на уставните судии да се запрашаат како ја водат оваа работа и дека не е добар нивниот потег да се поведе постапка за оценување на уставноста на членовите од Законот со кои се регулира линеарното зголемување.
– Нашата борба е за сите идни пензионери, за корка леб и лекови. Не за џабе велат ситиот не му верува на гладниот. Нашиот глас допрва ќе биде чуен, истакнаа пензионерите.
Инаку, пензионерите минатата година и во март годинава имаа линеарно покачување на пензиите од по две илјади и петстотини денари, а годинава во септември на картичка добија уште илјада денари, додека во март следната година треба да има ново линеарно усогласување за илјада денари. Пензионерите не сакаат ова да се укине









