Тошковски не одговори со која брзина го возеле денеска на пат до конференцијата за безбедност во сообраќајот

0
230

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски не одговори со која брзина го возеле денеска на пат до конференцијата за безбедност во сообраќајот, на вториот ден од контролната фаза на системор „Безбеден град/Сејф Сити“.

На прашање на новинарот на ТВ Телма, тој го избегна одговорот и рече дека ниту министерот на внатрешни работи нема да биде „екскулпиран“, односоно изземен од вина доколку управува со возило спротивно на законските прописи.

„Вие сакате да чуете нешто би дало еден шмек и доза на „еве сега за министерот не важи правилото“. Ама тоа не е точно. Во рамки на она што е утврдена процедура за министер за внатрешни, за вицепремиер, за претседател на држава и на собрание, за премиер, кога се под полициска придружба, важат други правила“, одговори Тошковски