Филипче: Ги спремивме новите бомби

0
441

Во пресрет на нови политички тензии, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека утре ќе биде обелоденет нов скандал кој, како што рече, ги инволвира „членови на владејачката структура“. Според него, опозицијата располага со документи за сериозни злоупотреби.

„Ние ги спремивме новите бомби, 2.0. Утре следува нов скандал. За сè имаме документација“, изјави Филипче, алудирајќи на нов бран политички снимки и докази.

Ја повикуваме европската главна обвинителка да ја посети Македонија за да ги види злоупотребите рече Филипче.

„СДСМ ја повикува Лаура Ковеши лично да се увери во злоупотребите на ВМРО-ДПМНЕ со европските фондови. Овде се загрозени 130 милиони евра. Наместо одговорност по апсењето на нивниот директор за Финансиска поддршка, гледаме само спинови и префрлање вина врз опозицијата“, рече Филипче.