Мицкоски за Македонија најави деценија на зрелоста

0
164

Во преполната сала „Јасмин“ во Кавадарци ВМРО-ДПМНЕ го одржува својот 18. конгрес кој доаѓа по изборните победи во 2024 и 2025, кои ѝ дадоа на партијата чувство на супериорност на политичка сцена, бидејќи ги има сите лостови на моќта во државата – од локалните до самиот врв. Од сега натаму ВМРО-ДПМНЕ ја има задачата да испорачува, не само од она што го вети, туку и она што ќе дојде ненајавено.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, во своето воведно обраќање пред делегатите и гостите зборуваше каква е визијата на партијата за Македонија во 2030 година и генерално ги кажуваше веќе познатите работи за кои и досега зборуваше.

„Во секој политички миг постои прашање што ја мери зрелоста на една нација: дали сме генерација што сака да го продолжи обичајот на очекување, или да ја прекине навиката на одложување? Нема враќање назад. Овој конгрес е мост меѓу она што бевме и она што мора да станеме. И токму затоа, нашата одговорност не е да ја повториме историјата, туку да ја создадеме иднината“, посочи Мицкоски