Авганистанците ја напуштија Македонија за неколку месеци- дали новите мигранти доаѓаат за да живеат тука?

0
321

Дали Македонија е следното прибежиште за мигранти кои се непожелни во Велика Британија? Ова прашање одново се отвори по написите на угледни британски медиуми дека Велика Британија и Македонија се имаат договорено нашата држава да ги прифати нелегалните мигранти од трети земји кои ќе бидат протерани од Британија.

И додека македонската Владата невешто демантира, а амабсадата на Британија потврдува дека има план за дејствување против нелегалната миграција (без да наведе детали) медиуми и аналитичари од Британија одат чекор понатаму тврдејќи дека работата е завршена.

Во телевизиска емисија долгогодишна новинарка Линда Даберли која во 1999 година престојувала во Македонија вели дека „шемата ќе функционира“ затоа што државава имала потреба од работници особено во градежниот сектор.

 

„Имајќи го тоа предвид, тие ќе бидат среќни таму. Овој оф-шор центар за мигранти е вин-вин ситуација“ рече таа.

Пратеникот од Лабурстите пак, Бери Гардинер во емисијата ја објасни целосната шема за тоа како Македонија ќе биде „оф-шор“ центар за мигранти.

„Таму ќе ги испраќаме оние за кои сме одлучиле дека немаат право да останат во Велика Британија, но не можеме да ги вратиме онаму од каде дошле, бидејќи таму е опасно за нив. Затоа ќе им кажеме „немате право да останете тука, но ќе ве испратиме во Северна Македонија, таму може да работите, да создадете нов живот, но не можете тоа да го правите тука во Велика Британија“ рече Гардинер, додавајќи дека за Британија е поевтино мигрантите да ги испрати во Македонија отколку да ги задржи на своја територија.

 

Извор 24..мк