СДСМ ќе поднесе резолуција за мигрантите, ако не се прифати ќе протестира

0
109

Опозицискиот лидер Филипче најавува протести доколку во Собранието не помине резолуција против примање на мигранти која неговата партија планира да ја поднесе наскоро.

Опозицискиот лидер денеска на прес конференција рече дека по онлајн петицијата која ја објави неговата партија, следен чекор ќе биде предлог резолуција во Собранието со која пратениците ќе потврдат дека Македонија нема да прима мигранти.

Доколку мнозинството не даде поддршка на ваквата резолуција тој најави дека ќе повика на масовни протести.
Премиерот Мицкоски вчера рече дека додека е тој премиер мигранти во Македонија нема да бидат примени.