Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против екс министерот Оливер Спасовски, поради сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.
Според пријавата, Спасовски во текот на 2021 година, додека ја извршувал функцијата министер, искористувајќи ја својата службена позиција, овозможил на правен субјект – станица за технички преглед во општина Сарај – да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5.565.927 денари.









