Две лица повредени по пад на спортски авион близу Мавровската брана

0
369
Screenshot

Две лица се пренесени во гостиварската болница со повреди здобиени при пад на мал спортски авион во водите на Мавровското Езеро, информират од СВР Тетово.

Според портпаролот, Фатмир Реџепи, денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското Езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион.

-Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото. Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош, изјави портпаролот Фатмир Реџепи.

Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, близу до браната.