Конечно, Скопје добива Луна Парк! Оваа вест пред малку ја сподели градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
– Почитувани скопјани, со особено задоволство сакам да ве информирам дека по долги години оддолговлекувања и лажни ветувања, денес започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на новиот Луна парк. По децении изминати во кои генерации деца беа лишени од местото што им припаѓа, место за игра, радост и незаборавни моменти, конечно започнуваме со реализација на проект што ќе ја означи новата ера на семејна забава во нашиот град. Пред нас е изградба на ултра модерен Луна парк, еден од најдобрите во регионот, изграден според највисоки европски стандарди, сподели тој на својот официјален фејсбук профил









