Намален буџетот за пациентите со ретки болести

0
142

Намалувањето на парите во буџетот за пациентите со ретки болести е одговорност на министерството за здравство. Секоја институција сама одлучува како ќе го распредели лимитот. Вака министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска одговори на прашањето зошто годинава за прв пат е намален буџетот за пациентите со ретки болести.

Секоја институција си добива лимит, како ќе го распредели лимитот внатре си одлучуваат сами, ние имавме однесено буџет како предлог од Министерство за финансии до Влада поедини министри си побараа и си кажаа не на оваа ставка, вратете си, ставете ми онаму. Кој што побарал во рамки на лимитот. Така му е реализирано. Јас не можам да одговарам на прашањата зошто е скратено ретки болести. Приоритетите на министрите ги одлучуваат сами. Ние како министерство за финансии делиме лимити. Секој сам во рамки на своите лимити ќе одлучува што е негов приоритет.