КОЦЕВСКИ ГИ ШТИТЕШЕ КРИМИНАЛИТЕ НА СДСМ И ДУИ, ВЕЛАТ ОД ВМРО ДПМНЕ

0
139

Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии во Собранието и вистината за неговото работење како јавен обвинител.Со оставката, додава партијата, Коцевски ги призна проблемите во Јавното обвинителство, кое беше компромитирано и под негово водство беше институција со изгубен легитимитет, информираа од ВМРО ДПМНЕ

Коцевски го водеше обвинителството речиси 2 години и не направи ниту една реформа. Напротив, Обвинителството во време на Коцевски делуваше во заштита на криминалите на СДСМ и ДУИ и нивните функционери. Тактизирањето на Коцевски и задоцнетата оставка е показател за длабоките проблеми, корупцијата и обидот да се зачува статус кво на Обвинителството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ