ПОРАДИ ЗАСТАРЕНИ ПРЕДМЕТИ ДРЖАВАТА ИЗГУБИЛА ПОВЕЌЕ ОД 2 МИЛИОНА ЕВРА По хакерскиот напад неповратно се загубени куп документи од Министерството за економија

0
227
Screenshot

Поради неажурност на Прекршочната комисијата во составот на Министерството за економија и труд лани се застарени дури 1.534 прекршочни предмети поднесени од Државниот пазарен инспекторат, а државата изгубила 2.078.000 евра, констатира Државниот ревизор во извештајот за работата на Mинистерството во 2024 година.

Ревизорите укажуваат и дека загубата на приходот во државната каса е далеку повисока и поради тоа што дел од предметите неповратно се загубени по хакерскиот напад врз софтверот од септември 2024 година.