Шеф вознемирувал хигиеничарка во училиште: Ја нарекувал „нусе“, „лична“ и „уба“

0
301
Screenshot

Вработен во училиште во Македонија, вознемирувал хигиеничарка вработена во училиштето на начин што ја нарекувал „нусе“, „уба“ и „лична“, ја терал да чисти простории што веќе ги исчистила, ѝ ги криел клучевите од други простории што требало да се чистат, не можела да ги користи просториите за пауза, ѝ викал, ѝ се обраќал со погрдни зборови и ја навредувал. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја прими нејзината претставка и утврди интерсекциско вознемирување на работа врз основа на национална и етничка припадност, род и лично својство.