Чистотата како заедничка вредност: средба меѓу Саубермахер Тетово и Муфтиството на Тетово

0
125

Претставници на Саубермахер Тетово остварија средба со Муфтијата на Тетово, д-р Селвер еф. Џемаили, со цел да се потенцира значењето на чистотата како верска, општествена и еколошка вредност, како и нејзината улога во зголемување на јавната свест и граѓанската одговорност кон животната средина.

Во рамките на оваа средба, во соработка со Муфтиството на Тетово и во координација со имамите, беше договорено во хатибата на петочната молитва, во сите џамии на територијата на општина Тетово, да се препорача одржување на беседа на тема чистота, нагласувајќи ја важноста на принципот кој ја поврзува вербата, општествената одговорност и заштитата на животната средина.

Со оглед на фактот дека чистотата претставува една од најважните столбови во секоја вера, Саубермахер Тетово реализираше дистрибуција на информативни брошури во сите верски објекти, во врска со регистрацијата на онлајн платформите на компанијата, со цел олеснување на процесот на плаќање за граѓаните, како за оние кои живеат во земјата, така и за оние кои се надвор од државата.

Покрај дистрибуцијата на информативните флаери за секој верски објект, од страна на Саубермахер Тетово беа поделени и канти за отпадоци.

Преку оваа активност, граѓаните се информираат за начинот на регистрација и користење на дигиталните платформи на Саубермахер Тетово, кои овозможуваат брзи, безбедни и достапни плаќања од било кое место.

Иницијативата има за цел да ја зголеми јавната свест за индивидуалната и колективната одговорност кон животната средина, како и да ја зајакне модернизацијата на општинските услуги преку употреба на дигитални алатки.

Исто така, ги покануваме граѓаните за секоја нивна потреба да се обратат во канцелариите на Саубермахер Тетово: во канцеларијата во близина на Основното училиште „Лирија“ во Тетово, во просториите на ЈКП Тетово, како и во главната канцеларија во селото Долно Палчиште, ул.101, бр.10.

Исто така, можете да не контактирате на телефонскиот број 08000-8000 или на е-маил адресата: [email protected] .

Саубермахер Тетово им се заблагодарува на Муфтиството на Тетово и на сите други верски заедници за соработката и поддршката во оваа иницијатива во служба на граѓаните и животната средина.