Дедо Мраз пристигна со хеликоптер и донесе моменти на радост за најмладите, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, сподели денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Тој истакна дека нивната возбуда и насмевки ја исполниле празничната атмосфера и го создале вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени.









