Мицкоски има виза за Британија и гради зграда од 45 ката во Белизе, обвинија од СДСМ

0
283

Денес СДСМ со соопштение информираше дека „Мицкоски има виза за Британија и гради зграда од 45 ката во Белизе“. Како што и самите наведуваат, ова би било наслов на соопштението како одговор на она што го прават од медиумскиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение и целото соопштение од СДСМ:

Доколку во СДСМ работеше екипа од медиумскиот центар на ВМРО, вака ќе изгледаше насловот на нашето денешно соопштение.

Сепак, за разлика од нив, во СДСМ работат пристојни и морални луѓе, кои водат сметка за тоа што ќе излезе во јавноста.

Зошто ваков наслов? Затоа што еден дел е вистина, а другиот дел е целосна лага. Класичен пример за наслов од жолт печат.

Со денови читаме сензационалистички наслови од соопштенијата на ВМРО, како да станува збор за наслови од таблоид.

Само во еден ден беа објавени повеќе од 40 текстови во нивните портали, а темата дополнително беше обработувана и на една телевизија: „Венко Филипче има златна виза“!

Што всушност стои зад ова? Дефокус!

Дефокус од темата дека преку еден, т.н. новинар (кој самиот се нарекува „алфа анти-СДСМ“), биле координирани активности со Јован Деспотовски од СДСМ, со цел да се предизвика дестабилизација на нашата партија.

Сега да им објасниме на граѓаните, на оние кои можеби сè уште веруваат во овие измислени вести од кујната на ВМРО.

Визата е одобрение или службен документ што го издава владата на некоја држава и кој му овозможува на државјанин на друга држава влез, престој или транзит.

Обично станува збор за печат или налепница што се става во пасош. Впрочем, за деталите околу некоја виза секој граѓанин може да провери на веб-страницата на соодветната амбасада и со тоа да ја затвориме оваа бесмислена тема од кујната на ВМРО.

Д-р Венко Филипче работи како доктор и не се занимава со градење какви било згради, а особено не со зграда од 42 ката во Дубаи со Зоран Заев, кој веќе пет години е во политичка пензија. Да повториме за оние што сè уште не ја добиле таа информација, ако воопшто има такви