Лоша вест утрово: Почина 2-годишното детенце повредено од залутан куршум за време на новогодишната ноќ

0
126

Почина двегодишното дете кое на новогодишната ноќ било примено со метално парче во главата.
Основното јавно обвинителство нареди обдукција на телото на детето. Лекарите вчера соопштија дека примиле двегодишно дете со прострелна рана во главата и дека е во тешка состојба. Меѓутоа, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потоа кажа дека истражните органи сѐ уште не можат да потврдат дека станува збор за прострелна рана. Постојат повеќе теории, рече тој.