Бараат правда за Фатон Лури – семејството и граѓани се против казната од 11 години затвор

0
121

Со главниот слоган „Правда за Фатон Лури“, многу граѓани маршираа како протест од Чаир до Кривичниот суд во Скопје!

Тие се револтирани, бидејќи ја сметаат казната од 11 години затвор за Лури за неправедна, кој со мотор го прегази 68-годишниот Југослав Николовски

Таткото на Фатон, јавно изрази сочувство на семејството на починатиот, со кои, како што рече, се обиделе да стапат во контакт, но не биле примени.

Тој ја смета казната за својот син за неправедна, бидејќи настанот бил несреќа, а не со намера, и апелира до правосудните органи да не судат со навреда или под влијане.

Фатон е осуден како да бил убијца! Фатон не е убијца! Тој случајно удрил на погрешно место, во погрешен момент, и да биде осуден со таа казна е неверојатно, нешто што не верувам дека се случило досега во нашата земја, ниту во светот, со вакви тешки казни.“, вели таткото.

„Не велиме да му се укине казната, но бараме да се изрече казна колку што заслужува. Ќе продолжиме со протести додека не се разгледа случајот на Фатон. Фатон го осудија семејствата на починатиот, не државата или судот, туку го осудија како што посакаа семејствата.“, вели чичкото.